Dmitri Chirciu
03 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
МОСКВА (АА) ‒ Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, истакна дека во Украина се уништени вкупно 1.612 воени инфраструктурни објекти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите во главниот град Москва, Конашенков сподели информации за војната меѓу Русија и Украина.
Истакнувајќи дека Руската армија продолжува да напредува во Украина, Конашенков рече дека кругот околу градот Мариупол се стеснува.
„Руските воени сили ја презедоа контролата врз градот Балаклија, како и на населбите Винограднаја, Сартака, Водјаное, Чистополје, Новополтавка“, рече Конашенков.
Посочувајќи дека продолжуваат да ги уништуваат објектите на воената инфраструктура на Украина, Конашенков додаде дека ги уништиле радио и телевизиски центар за технологија во областа Лиса Хора во главниот град Киев.
„Од почетокот на операцијата, уништени се вкупно 1.612 воени инфраструктурни објекти. Тие вклучуваат 62 командни и комуникациски центри на украинските вооружени сили, 39 системи за противвоздушна одбрана, Ц-300, Бук M-1 и „Оса“ и 52 радарски станици“, нагласи Конашенко.
Конашенков, меѓу другото, информира дека уништени се вкупно 62 авиони, 606 тенка и оклопни возила, 67 повеќецевни ракетни фрлачи, 227 минофрлачи, 405 специјални воени возила и 53 беспилотни летала на Украинската армија.