Cüneyt Karadağ
03 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
БЕРЛИН (АА) ‒ Германија ќе испрати 2.700 противвоздушни ракети „Стрела“ во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Германија одобри испорака на 2.700 противвоздушни ракети“, објави германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на извори од германското Министерство за економија.
Се наведува дека се работи за противвоздушни топови од советско производство кои се наоѓаат во инвентарот на поранешната Национална народна армија (НВА) на Источна Германија.
Германија претходно одлучи да испрати во Украина 1.000 противтенковски и 500 противвоздушни ракети од типот „Стингер“.