Emre Gürkan Abay
24 Јули 2023•Ажурирај: 25 Јули 2023
МОСКВА (АА) - Русија тврди дека денес спречила напади на украински беспилотни летала врз Москва во текот на ноќта, известува Анадолу.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека „со електронско војување, две украински беспилотни летала (над Москва) се блокирани и се урнале“, информирајќи дека дека нема жртви во нападот.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на социјалната мрежа Телеграм објави дека нападот се случил околу 4 часот наутро по локално време (во 3 часот по средноевропско) врз две празни згради.
Информирајќи дека беспилотните летала удриле во две празни згради, Собјанин објави: „Немаше сериозни штети или жртви. Сите служби за итни случаи се на самото место“
Руското Министерство за одбрана објави дека нападите со беспилотни летала се извршени од страна на Украина. „Во спречениот терористички напад извршен од страна на режимот во Киев нема човечки загуби“, се вели во соопштението.