Emre Gürkan Abay
24 Јули 2023•Ажурирај: 25 Јули 2023
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека спречиле напад на украинските беспилотни летала на Крим во текот на ноќта, известува Анадолу.
„Електронско војување е користено кон четиринаесет украински беспилотни летала, од кои 11 се урнаа во Црно Море, а три паднаа на територијата на полуостровот“, се вели во соопштението.
Се додава дека други три беспилотни летала биле уништени од системите за противвоздушна одбрана.
Сергеј Аксјонов, регионалниот шеф на Крим поставен од Русија, рече дека беспилотните летала погодиле складиште за муниција во областа Џанкој.
Тој тврди дека остатоците од беспилотните летала оштетиле и приватна куќа во областа Кировске, додавајќи дека се евакуира населението од околните села во областа Џанкој.
Аксјонов соопшти дека железничкиот сообраќај во областа и автопатот Џанкој-Симферопол привремено се прекинати.
Украинските власти сѐ уште не ги коментирале тврдењата на Русија што не може да бидат независно проверени.