Dmitri Chirciu
18 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана го објави списокот на жртви во војната, што наводно ѝ припаѓаат на украинската Армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се тврди дека загубата на украинската Армија во војната со Русија изнесува 23.367 луѓе.
Исто така се наведува дека во бројката се вклучени Украинските вооружени сили, Украинската национална гарда и странските платеници. Се тврди дека многу украински војници дезертирале од Армијата.
Меѓу другото, Министерството го објави списокот на жртви што наводно припаѓаат на 3057-та воена единица на Украина и на баталјонот Азов приклучен на оваа единица.
Списокот до кој наводно дошлe од украинската страна, содржи информации за загинати и ранети војници во војната.
Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, минатата недела истакна дека меѓу 2.500 и 3.000 украински војници се убиени во војната, а околу 10.000 војници се повредени.