Elena Teslova
19 Ноември 2024•Ажурирај: 20 Ноември 2024
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана денес објави дека Украина синоќа го нападнала регионот Брјанск со шест балистички ракети АТАКМС од американско производство, јавува Анадолу.
Како што се наведува во соопштението на Министерството, пет проектили биле соборени од руските системи за противвоздушна одбрана, а шестиот бил оштетен и паднал на територијата на воен објект во областа Брјанск, предизвикувајќи пожар.
„Пожарот е изгаснат и нема жртви“, соопшти Министерството.
Претходно украинскиот Генералштаб објави дека ракетите АТАКМС погодиле воено складиште во руската област Брјанск, кое се наоѓа на околу 115 километри од границата.
Брајан Николс, американскиот помошник-државен секретар за прашања на западната хемисфера, денес ги потврди медиумските извештаи дека претседателот Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да користи американско оружје со долг дострел во Русија.