Ali Cura
26 Јуни 2022•Ажурирај: 28 Јуни 2022
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека неколку градови и населени места во Луганската Област во источна Украина паднале под целосна контрола на руските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот Игор Конашенков рече дека силите поддржани од Русија и Русија во регионот добиле целосна контрола врз Северодонецк и Боровскоје, како и на населените места Воронове и Сиротино.
„Обидот на украинските сили да ја претворат фабриката за азот во центар на отпорот беше спречен од руската Армија“, рече Конашенков.
„Со ослободувањето на градовите Северодонецк и Боровскоје, целата област на левиот брег на реката Сиверскји Донец во границите на Луганската Народна Република падна под целосна контрола на руските сили“, истакна тој.
Според Обединетите нации (ОН), од почетокот на војната во Украина на 24 февруари, животот го изгубиле над 4.634 цивили.
Повеќе од 14 милиони луѓе ги напуштиле своите домови, од кои над 8 милиони побегнале во други земји, според податоците на ОН.