Dmitri Chirciu
28 Февруари 2023•Ажурирај: 01 Март 2023
МОСКВА (АА) - Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, истакна дека со санкциите што ги спроведува, Европската Унија (ЕУ) го убива својот економски суверенитет и ги нарушува темелите на демократското општество, пренесува Анадолу.
Захарова објави писмено соопштение во врска со 10. пакет санкции што ЕУ го имплеметира против Русија.
Таа нагласи дека овие санкции не функционираат: „Исто и овој пат ќе биде така. Секој пакет со санкции покажува дека рестрикциите против Русија се алатка која не функционира. Тешко е да не се согласува со изјавата на Жозеп Борел, кој на 15 февруари во Европскиот парламент истакна дека санкциите се отров кој своето дејство го покажува бавно. Тие најпрвин го убиваат економскиот суверенитет на Европската Унија (ЕУ).“
Според неа, со овие санкции, ЕУ се оддалечува себеси од Русија, и ја прекршува слободата за патување која се наведува во документите на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).
Захарова истакна дека Западот применува двојни стандарди, и дека ЕУ на листата за санкции вклучила и несоодветни руски медиуми и новинари.
„Брисел намерно ги нарушува темелите на демократското општество и ги поткопува принципите и вредностите врз кои е формирана ЕУ“, додаде Захарова.
Како што рече таа, санкциите на Западот ја поткопуваат глобалната економија и безбедноста на храната и енергенсите во светот. Таа рече дека бројни земји не се приклучени на овие санкции.