Emre Gürkan Abay
27 Април 2022•Ажурирај: 28 Април 2022
МОСКВА (АА) - Министерството за надворешни работи на Русија, во согласност со принципот на реципроцитет, тројца норвешки дипломати ги прогласи за персона нон грата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението е наведено дека претходно некои вработени во Руската амбасада во Норвешка биле прогласени за непожелни лица.
Поради тоа, амбасадорот на Норвешка во Москва, Руне Ресаланд, бил повикан на разговор во Министерството.
„Амбасадорот е известен дека лицата вработени во Амбасадата на Норвешка во Москва се прогласени за непожелни лица“, наведено е во соопштението.