Ali Cura
01 Август 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, истакна дека во Харков погодиле противбродски ракетен систем „Харпун“, додека во регионот на Одеса погодиле 2 повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС од американско производство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конашенков даде изјави за акциите на руската Армија во војната во Украина.
Тој истакна дека руското воено воздухопловство ги погодило привремените населби на 92-та механизирана единица во близина на Харков, и дека во овие единици настанале слабости поради загубите на украинските војници во Харков и Запорожје.
Конашенков нагласи дека со високопрецизно оружје уништени се 2 повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС од американско производство што се наоѓале во фабриката за енергетски машини во Харков, и додаде дека се неутрализирани 53 странски платеници борци и припадници на украинските националистички сили.
Посочувајќи дека е уништен и противбродскиот ракетен систем „Харпун“ од американско производство во близина на населбата Велики Далник во регионот Одеса, Конашенков додаде дека руските системи за противвоздушна одбрана во еден ден собориле 9 украински беспилотни летала на различни места во Украина.
„Досега се уништени вкупно 261 авион, 145 хеликоптери, 361 противвоздушен систем, 1.659 беспилотни летала, 4.215 тенкови и други различни оклопни возила, 778 повеќецевни ракетни фрлачи, 3.234 хаубици и 4.621 специјално воено возило“, нагласи Конашенков.