Dmitri Chirciu
13 Април 2021•Ажурирај: 14 Април 2021
МОСКВА
Русија испрати 15 воени бродови во Црното Море во рамките на контролата на руските воени сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според прес-службата на јужната воена област на Русија, 15 воени бродови, што ѝ припаѓале на флотата во Каспиското Море, се испратени во Црното Море.
Се наведува дека испраќањето на бродовите е во рамките на надзорот на руските воени сили.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, на 6 април соопшти дека руските воени сили започнале инспекции за подготвеност за војна и дека ќе се одржат тактички вежби на полигоните во различни региони на земјата.
Во рамките на планот за обука, се наведува дека во април ќе се одржат 4.048 воени вежби.
- Напнатост на украинско-руската граница
Во својот говор пред Парламентот на 30 март, украинскиот началник на Генералштабот, Руслан Хомчак, соопшти дека Руските вооружени сили испратиле трупи на границите на Украина под изговор дека ќе бидат реализирани воени вежби.
Во врска со решавањето на кризата во регионот Донбас, Трилатералната контакт-група, составена од Русија, Украина и ОБСЕ, донесе сеопфатна одлука за прекин на огнот заклучно со 27 јули 2020 година.
Од 2014 година досега, над 13.000 луѓе ги загубија животите во судирите меѓу администрацијата на Киев и проруските сепаратисти, кои прогласија таканаречена независност во регионот.