Muhammet Kurşun
13 Април 2021•Ажурирај: 13 Април 2021
ТЕХЕРАН
Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 66.055, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од последици предизвикани од вирусот починале уште 291 лице.
Лари нагласи дека со тоа, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 66.055.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 24.760 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата е зголемена на 2.118.212.
Според Лари, 4.481 заразено лице се наоѓаат во интензивна нега, а оздравеле 1.729.293 лица.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 13.866.887 тестирања за Ковид-19.