Dmitri Chirciu
22 Јули 2022•Ажурирај: 24 Јули 2022
МОСКВА (АА) - Русија продолжува да издава пасоши на оние кои сакаат да станат руски државјани во регионите што ги контролира во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за олеснување на доделувањето руско државјанство, им се издаваат пасоши на оние кои аплицираат за руско државјанство во региони на Украина кои се контролирани од Русија.
Руските пасоши на 11 јуни почнаа да се дистрибуираат во украинските градови Мелитопол и Керсон.
Според вестите на руските медиуми, повеќе од 70.000 Украинци во областа Запорожје поднеле барање за руско државјанство.
Претседателот Путин со одлуката што ја потпиша во 2019 година, го олесни стекнувањето руско државјанство за оние кои живеат во регионите Доњецк и Луганск во Украина.
Дополнително, на 25 мај вклучени се и луѓето кои живеат во регионите Керсон и Запорожје во Украина.
Путин, исто така, на 11 јули ја потпиша резолуцијата за да се олесни издавањето на руско државјанство во сите региони на Украина.