Ekip
02 Март 2019•Ажурирај: 03 Март 2019
МОСКВА (АА) - Жорес Алферов, рускиот физичар и добитник на Нобеловата награда, почина во 88. година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Неговата смрт денеска ја потврди Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, во кој тој беше пратеник на Комунистичката партија на Русија од 1995 година.
Алферов во 2000 година, заедно со Херберт Кремер, ја доби Нобеловата награда за физика, за развој на полуспроводнички истражувања користени во сателитските комуникации и мобилната телефонија.
Во времето на добивањето на наградата, Алферов беше директор на Институтот за физика и техника во Санкт Петерсбург. Подоцна стана претседател на Одборот за нанотехнологија на Руската академија на науки.