Emre Gürkan Abay
11 Март 2025•Ажурирај: 12 Март 2025
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за здравство извести дека две лица загинале, а 18 се повредени, меѓу кои три деца, во најинтензивниот напад на Украина со беспилотни летала досега врз Москва и нејзината околина, известува Анадолу.
Рускиот заменик-министер за здравство Алексеј Кузњецов ги информираше новинарите за загинатите и повредените во нападот со беспилотни летала врз главниот град Москва.
Споделувајќи ја информацијата дека во нападот животот го загубиле двајца, Кузњецов рече дека се повредени 18 лица, меѓу кои три деца.
Заменик-министерот Кузњецов изјави дека повредените се пренесени во болница за да ја добијат потребната помош.
Денес врз руската престолнина Москва и околните населени места беше извршен најинтензивниот напад со беспилотни летала од почетокот на војната во Украина.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 337 украински беспилотни летала над 10 руски региони.
Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за нападот.