Hamdi Yıldız
01 Февруари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
ТЕЛ АВИВ (АА) - Русија го отфрли барањето на Израел да престане да ги користи одбранбените системи во Сирија кои ги блокираат Џи-пи-ес системите во израелскиот воздушен простор и влијаат на слетувањата на комерцијалните авиони на Аеродромот „Бен Гурион“ во главниот град Тел Авив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израел испратил писмо до Русија во кое наведува дека одбранбените системи управувани од Русија во воздухопловната база „Хмеимим“ во сирискиот пристанишен град Латакија предизвикуваат електромагнетни пречки во Џи-пи-ес системите на авионите кои слетуваат во Тел Авив, објави израелскиот државен информативен сервис КАН.
Отфрлајќи го барањето на Израел, Москва нагласи дека системите се поставени за да ги заштитат нејзините војници во регионот.
Зборувајќи за КАН, пилотот кој работи во авиокомпанија на аеродромот рече дека електромагнетниот ефект бил прилично силен на почетокот на 2019 година, но потоа прекинал. Сепак, тие уште еднаш биле сведоци на слична ситуација во регионот во близина на аеродромот во изминатите четири недели.