Emre Gürkan Abay
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
МОСКВА (АА) - Марија Захарова, портпарол на руското Министерство за надворешни работи, во Москва одржа прес-конференција на којашто соопшти дека рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, со цел да спроведе консултативни средби околу кризата во Заливот, од 27 до 30 август ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Потребно е сите страни да избегнуваат остри изјави кон спротивната страна. Русија повторно ги повикува сите страни на маса да ги решат недоразбирањата“, изјави Захарова повикувајќи ги на разумност Катар и останатите арапски земји кои се дел од настанатата криза.
За изјавата што пред неколку дена ја даде американскиот претседател Доналд Трамп за новата стратегија на САД кон Авганистан, портпаролката Захарова го рече следното:
„Со разочарување ја примивме веста дека САД за решавање на состојбата во Авганистан се одлучиле да ѝ дадат предност на воената опција. Може да се види дека во Авганистан не постои заканата од страна на ДЕАШ. Нашите очекувања се САД со стратегијата на зголемени воени активности да не му наштетат на територијалниот интегритет на Авганистан и националните интереси на земјите од регионот“.