Ali Cura
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
МОСКВА
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, истакна дека НАТО ја зајакна својата воена инфраструктура во близина на границите на Русија и Белорусија и дека воено-политичката ситуација се отежнува, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својот говор на заедничкиот состанок на вработените во министерствата за одбрана на Русија и Белорусија, Шојгу се осврна на ситуацијата во западниот дел на земјата.
Наведувајќи дека воено-политичката ситуација во овој регион е тешка, Шојгу рече: „Присуство на НАТО се зголемува во близина на границите на Унијата со Русија и Белорусија. Воената инфраструктура на НАТО се развива. Се создаваат резерви оружје и воено-технички материјали. Се спроведуваат студии за населување воени единици.“
Шојгу ги сподели информациите дека американските оклопни копнени трупи и четири мултинационални баталјони се распоредени во Полска и балтичките земји, при што рече дека некои центри на Алијансата се формирани и во Романија, Полска и Летонија.
Тој, исто така, посочи дека се зајакнати пристаништата и аеродромските инфраструктурни капацитети на Алијансата.
Наведувајќи дека силата на примарните сили за ангажман на НАТО се зголеми од 25.000 на 40.000 војници, Шојгу додаде дека САД инсталирале системи за противракетна одбрана „Иџис ашор“ во Романија и Полска.
Министерот Шојгу, подвлекувајќи дека бројот на разузнавачки и тактички летови на воздухопловните сили на НАТО во рускиот пограничен регион е зголемен за 30 проценти во споредба со минатата година, рече дека е зголемен интензитетот на воената обука и операции под покровителство на НАТО.
Шојгу, исто така, нагласи дека повеќе од 30 вежби врз основа на сценариото за конфликт со Русија се одржуваат секоја година на западните граници на Руско-белоруската унија.
- Подготвена е новата руско-белоруска заедничка воена доктрина
Посочувајќи дека покрај воените закани, Западот продолжува да врши политички и економски притисок врз Русија и Белорусија, Шојгу рече дека под овие услови двете држави мораа да преземат заеднички одмазднички мерки.
„Една од овие мерки е воената доктрина на државата Нова Русија-Белорусија. Планирано е оваа доктрина да биде усвоена во блиска иднина на состанокот на Врховниот совет на Руско-белоруската унија“, нагласи Шојгу.