Bahtiyar Abdukerimov
04 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
МОСКВА (АА) - Хеликоптер се сруши во рускиот град Краснојарск, при што животот го загубија вкупно 18 лица, од кои 15 патници и 3 члена на екипажот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција TASS, објавена врз основа на полициските претставници, хеликоптер на компанијата за авијација „Утаир“, се сруши извесно време по полетувањето во Краснојарск. Како резултат на несреќата, животот го загубија 18 лица.
Руските власти велат дека е можно хеликоптерот да се срушил поради грешка на пилотот или поради некој технички проблем.
Спасувачките тимови соопштија дека се пронајдени и двете црни кутии на хеликоптерот.