Elena Teslova
27 Септември 2022•Ажурирај: 28 Септември 2022
МОСКВА (АА) - Бројот на жртви во вооружениот напад во училиште во Ижевск, на западот на Русија, се искачи на 17, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот истражен комитет денес соопшти дека уште двајца од 24-те ранети починале доцна синоќа.
„Загинаа 17 лица, од кои 11 деца и шест возрасни“, се вели во соопштението.
Вооружен маж вчера отвори оган во училиште во областа Удмуртија, источно од Москва.
Хоспитализирани се 24 лица, од кои 22 деца и двајца наставници, кои се во тешка состојба.
„Напаѓачот е идентификуван како Артјом Казанцев, кој го завршил споменатото училиште, а при нападот носел црна маица со нацистички симболи“, соопшти Комитетот.
Казанџев употребил два пиштола кои биле модифицирани за да пука со боева муниција.
По нападот тој се самоубил, а неговото тело е пронајдено во училишната зграда.
Во Удмуртија поради нападот на училиштето, каде настава посетуваат околу 300 деца, прогласена е жалост до 29 септември.