Elena Teslova
24 Декември 2022•Ажурирај: 26 Декември 2022
МОСКВА (АА) – Во пожар во сибирскиот град Кемерово во Русија загинаа 22 лица, додека шест се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот избувнал синоќа во нелегален дом за стари лица, а брзо се проширил на целиот втор кат каде живееле старите лица, се наведува во соопштението на Рускиот истражен комитет.
Гувернерот на регионот Кемерово, Сергеј Цивилев, рече дека ќе биде извршена инспекција на сите објекти од овој тип.
За пожарот е започната истрага.