Dmitri Chirciu
14 Април 2022•Ажурирај: 14 Април 2022
МОСКВА (АА) - Русија соопшти дека вкупно 1.160 украински војници се предале во последните 24 часа во украинскиот град Мариупол, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, даде изјава за активностите на Руската армија во војната против Украина.
Посочувајќи дека украинските војници во градот Мариупол се предале, Конашенков рече: „Вкупно 1.160 украински војници од 36. Поморска бригада се предале во последните 24 часа. Меѓу нив има 176 полицајци.“
- „Во последните 24 часа се уништени 48 воени објекти на Украина“ -
Конашенков истакна дека синоќа со високопрецизно оружје се погодени 12 елементи на воената инфраструктура.
„Во последните 24 часа од воздух се уништени 48 воени објекти на Украина“, рече тој.
Меѓу другото, Конашенков додаде дека досега се уништени 131 авион, 104 хеликоптери, 245 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 448 беспилотни летала, 2.179 тенка и оклопни возила, 248 ракетни фрлачи, 944 хаубици и минофрлачи и 2.088 воени специјални возила кои припаѓаат на Украинската армија.