Ömer Faruk Yıldız
14 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Литванскиот министер за одбрана, Арвидас Анусаускас, наведе дека Русија има залихи на нуклеарно оружје во регионот на Балтикот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за естонската новинска агенција БНС (BNS), министерот Анусаускас ја оцени изјавата на Русија дека може да испрати нуклеарно оружје во регионот на Балтикот.
Анусаускас, посочувајќи дека наводите на Русија се чудни, додаде дека „има нуклеарно оружје во Калининградската Област“, кој е 100 километри од јужната граница на Литванија.
Калининградската Област, која нема копнена врска со Русија, зафаќа површина од 15.000 квадратни километри и се наоѓа меѓу Литванија и Полска.
Поранешниот руски премиер и заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, во својата вчерашна изјава наведе дека доколку Шведска и Финска аплицираат за членство во НАТО, Русија ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море и ќе испрати нуклеарно оружје во регионот.