Ahmet Gürhan Kartal
25 Октомври 2022•Ажурирај: 26 Октомври 2022
ЛОНДОН (АА) - Риши Сунак официјално стана 57-миот премиер на Велика Британија по средбата со кралот Чарлс Трети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сунак (42) е првиот британски премиер со азиско потекло.
Кралот Чарлс Трети во Бакингемската палата официјално побара од новиот лидер на ториевците да ја формира новата Влада.
Поранешниот министер за финансии на Велика Британија победи во трката за лидер на Конзервативната партија, откако ривалката Пени Мордоунт се откажа неколку минути пред крајниот рок за кандидатура.
Натпреварот за лидерство на ториевците беше активиран минатиот четврток, откако Трас беше принудена да поднесе оставка по 44 дена на премиерското место во Даунинг стрит 10.
Сунак е петти премиер од референдумот за Брегзит во 2016 година и трет во изминатите 3,5 месеци.