Umar Farooq
23 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - „Рекорден број Американци знаат дека глобалното затоплување, всушност, се случува, и најголем дел од нив сметаат дека човекот е предизвикувачот“, се вели во студијата објавена вчера во САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Анкетата, којашто беше спроведена минататa година, открива дека околу 73 отсто од Американците сметаат дека глобалното затоплување фактички се случува, 10 отсто повеќе од 2015 година. Бројот на Американци кои се „уверено“ сигурни дека глобалното затоплување е реалност се зголемил на 51 отсто, што преставува пораст за 14 проценти.
Извештајот открива дека големо мнозинство, односно 69 отсто, се на некој начин загрижени за влијанието на глобалното затоплување врз Земјата.
„Луѓето почнуваат да сфаќаат дека климатските промени се присутни во Соединетите Американски Држави, овде во мојата држава, во мојата заедница, и имаат свое влијание и во овој момент на луѓето и местата за кои ми се драги“, изјави за „Њујорк тајмс“ (The New York Times) Антониј Лејсеровиц, директорот на програмата која ја спроведе анкетата. „Ова не се случува за 50 години или за 100 години од сега“, додаде тој.
Додека најголем дел од Американците увидуваат дека промената на климата е предизвикана од човекот, само 20 отсто знаат дека скоро сите научници кои се занимаваат со проучување на климата имаат заклучено дека глобалното затоплување предизвикано од човекот всушност се случува во моментот.
Новата анкета ги одразува двата извештаи за климатските промени, претставени и од страна на САД и од Обединетите нации, во кои се наведени катастрофални перспективи за светот, доколку земјите не ги намалат своите емисии на стакленички гасови кои придонесуваат кон глобалното затоплување.
Анкетата беше спроведена во соработка меѓу Универзитетот „Џорџ Мејсон“ и Универзитетот „Јеил“ во САД, а спроведена е над 1.114 возрасни Американци во периодот од ноември до декември.