свет

Режимот во Сирија тврди дека одбил израелски воздушен напад врз селата околу Дамаск

- „Нападот на Израел е спречен, а некои од проектилите се уништени во воздух“, објави сириската новинска агенција САНА, повикувајќи се на извор од војската.

Ahmed Asmar  | 19.03.2024 - Обновена : 20.03.2024
Режимот во Сирија тврди дека одбил израелски воздушен напад врз селата околу Дамаск

ДАМАСК (АА) - Режимот во Сирија денес соопшти дека неговите системи за противвоздушна одбрана спречиле израелски воздушен напад врз селата околу Дамаск, пренесува Анадолу.

Сириската новинска агенција САНА соопшти дека Израел извршил воздушен напад од правец на окупираниот сириски Голан, гаѓајќи неколку воени точки во селата околу Дамаск.

„Нападот на Израел е спречен, а некои од проектилите се уништени во воздух“, објави САНА, повикувајќи се на извор од сириската војска.

Израелската армија допрва треба да ја коментира изјавата на Сирија.

Воздушниот напад во Сирија се случи во време кога израелската армија води разорна војна, бомбардирајќи и гранатирајќи го Појасот Газа од 7 октомври. Според палестинските здравствени власти, во оваа војна Израел, обвинет за геноцид, досега уби над 31.700 Палестинци, главно жени и деца, а повреди речиси 73.000 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın