свет

Реализиран првиот комерцијален лет меѓу Израел и Бахреин

„Првпат авионот кој припаѓа на компанијата „Изрер“ го користеше саудискиот воздушен простор на летот за Бахреин“, објави израелската државна телевизија

Ekipa  | 23.09.2020 - Обновена : 24.09.2020
Реализиран првиот комерцијален лет меѓу Израел и Бахреин

ЕРУСАЛИМ (АА) - Авион на првиот директен комерцијален лет меѓу Израел и Бахреин слета денеска на аеродромот во главниот бахреински град Манами, објавија израелските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Првпат авионот кој припаѓа на компанијата „Изрер“ го користеше саудискиот воздушен простор на летот за Бахреин“, објави израелската државна телевизија.

Податоците за летот покажуваат дека авионот на „Изрер“, „Ербас A320“, слетал на Меѓународниот аеродром во Бахреин речиси по тричасовен лет од меѓународниот аеродром „Бен-Гурион“ во Тел Авив.

„Изрер“ е приватна израелска авиокомпанија и втора по големина по државната „Ел Ал“.

Саудиска Арабија претходно овој месец објави дека ќе го отвори својот воздушен простор за авионите кои ќе летаат од Израел во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), откако двете земји потпишаа договор под покровителство на САД за нормализација на односите. Бахреин го следеше нивниот пример за потпишување на сличен договор за нормализација на односите со Израел.

Договорите за нормализација наидоа на остри осуди од Палестинците, кои нагласија дека таквите договори не одат во корист на палестинското прашање и ги занемаруваат нивните права.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.