свет

Реакции од Сребреница на пресудата за Караџиќ: Треба да се казни неговото дело

„Без оглед која пресуда била и која пресуда е донесена, мојот починат татко не може да го врати, но драго ми е што е изречена доживотна пресуда бидејќи тоа го очекувавме и се надевавме на тоа", рееч Суљиќ.

Adem Mehmedovic  | 20.03.2019 - Обновена : 21.03.2019
Реакции од Сребреница на пресудата за Караџиќ: Треба да се казни неговото дело (Foto: Adem Mehmedovic/ AA)

СРЕБРЕНИЦА (AA) - Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари, преживеание жртви од геноцидот го следеа изрекувањето на пресудата на Радован Караџиќ, јавува Anadolu Agency (AA).

Пред Жалбениот совет на Меѓународниот механизам за кривични судови (ММКС) Радован Караџиќ е осуден на доживотна казна затвор.

Преживеаните жртви од геноцидот во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари го следеа изрекувањето на пресудата на Радован Караџиќ.

Таткото на Сејдалија Суљиќ е убиен во 1992 година кога се враќал дома во родното село Урисиќи, од работа во Србија. Неговото тело никогаш не е пронајдено. Суљиќ вели дека никакви пресуди нема да го вратат неговиот татко.

„Без оглед која пресуда била и која пресуда е донесена, мојот починат татко не може да го врати, но драго ми е што е изречена доживотна пресуда бидејќи тоа го очекувавме и се надевавме на тоа", рееч Суљиќ.

Сребреничката мајка Нафија Хаџибулиќ, вели дека ѝ е драго што Караџиќ е осуден на доживотна затворска казна.

„Затоа што го доживеал секој кој рекол дека немаше геноцид, за мене беше, но сега доживеавме правда, а нашите деца не може никој да ги врати", рече Хаџибулиќ.

Бернис Адемовиќ е повратник во Сребреница, каде живее во сопругата и двата сина. Во геноцидот му е убиен татко. Вели дека пресудата на Радован Караџиќ ја доживеал емотивно, но смета дека треба да биде казнето и делото на Радован Караџиќ.

„Би требало да се направи некаков модус сите тие воени трофеи, односно самиот назив Република Српска, негирањето на вистината, било кое злосторство, во вој случај геноцид во Сребреница, треба адекватно да се казнат злосторниците, посебно оние кои во континуитет се обидуваат да ја опструираат вистината", рече Адемовиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.