Ali Cura
04 Мај 2023•Ажурирај: 05 Мај 2023
МОСКВА (АА) - Пожар избувна во рафинерија за нафта во Краснодарскиот Регион во Русија како резултат на напад на беспилотно летало, пренесува Анадолу.
Рафинеријата за нафта во селото Илски е нападната со дронови, објави руската агенција ТАСС, а како последица на нападот избувнал пожар во резервоарите на рафинеријата.
Гувернерот на Краснодар, Вениамин Кондратиев, изјави дека пожарникарите и тимовите од Министерството за вонредни состојби продолжуваат да работат на гаснење на пожарот во резервоарите.
„Според првичните информации, во пожарот нема жртви. Луѓето во селото, исто така, не се во опасност“, рече Кондратиев.
Вчера избувна пожар и во складиштето за нафта во Краснодарската Област во Русија, во кој немаше жртви ниту повредени.
Освен тоа, Кремљ објави дека Украина со беспилотни летала се обидела да ја нападне резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.