Mahmut Atanur
05 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
ЏАКАРТА (АА) - Шеесет лица го загубија својот живот во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови во Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи (BNPB), Агус Вибово, соопшти дека бројот на загинатите се искачи на 60 лица како резултат на поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови во различни места, како Џакарта, Депок, Бекаси Тангеранг, Богор и Лебак.
Вибово рече дека две лица се водат како исчезнати во подрачјето на Лебак.
Сѐ уште продолжуваат операциите за чистење и обнова во зоните погодени од поплави и свлечишта.