Ömer Koparan
25 Август 2022•Ажурирај: 26 Август 2022
ДЕИР ЕЗ-ЗОР (АА) – Извршени се ракетни напади околу гасните полиња Омер и Кунико, каде што се стационирани американските сили во провинцијата Деир ез-Зор во источна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на дописникот на Агенција Анадолија (АА) од локални извори, ракетни напади околу гасните полиња Омер и Кунико каде што се стационирани американските сили во Деир ез-Зор, се извршени од регионите во кои се присутни странски терористички групи поддржани од Иран.
Во нападите на гасните полиња нема загинати.
Американските сили на ракетните напади одговорија со артилерија и ракети.
Областите на Деир ез-Зор на исток од реката Еуфрат се окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК поддржана од САД, додека центарот на градот и другите рурални области се под контрола на режимот на Асад и групите поддржани од Иран.
Регионите во Деир ез-Зор во кои има присуство на терористички групи поддржани од САД и Иран, во последно време често се цел на напади.