Mustafa Deveci
17 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
ЕРУСАЛИМ
Голем број радикални Евреи придружувани од израелската полиција влегоа во дворот на „Месџид ал Акса“, која се наоѓа во подрачјето на Стариот Град од окупираниот Источен Ерусалим, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го даде администрацијата на исламските фондации на Ерусалим се наведува дека 171 радикален Евреин под заштита на израелската полиција, низ портата „Ал-Мегарибе“ (Мароко) на југозападниот дел на „Месџид ал Акса“ влегле во „Харем-и Шериф“.
Радикалните Евреи одвреме-навреме организираат вакви упади во „Месџид ал Акса“, што предизвикува ескалација на тензиите во регионот.
„Месџид ал Акса“, која се наоѓа во окупираниот Источен Ерусалим, е специфична по тоа што таа е првата кибла на муслиманите (правец кон кој се свртени муслиманите во текот на молитвата).
Евреите спроведуваат ископувања во комплексот „Месџид ал Акса“, под џамијата, под музејот, дворот и медресите, со изговор дека таму се наоѓаат т.н. „остатоци од храмот на Соломон“, тврдејќи дека и тие имаат право на молитва во „Месџид ал Акса“.