Ekipa
30 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, утре ќе отпатува во официјална посета на Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик шефот на иранската дипломатија, Ебрахим Рахимпур, утрово за иранската агенција ИРНА потврди дека Путин за време на посетата на Техеран ќе присуствува на трилатералниот самит Русија, Иран и Азербејџан.
Истиот извор истакна дека Путин во текот на еднодневната посета на Техеран ќе разговара со иранските лидери за низа регионални прашања, како и за нуклеарниот договор што го постигна Иран пред две години со групата П5+1, којшто ја сочинуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и Германија.
„Една тема на разговори секако ќе биде и ситуацијата во Сирија, со акцент на мировниот процес во казахстанскиот главен град Астана, во којшто учествуваат Русија и Иран“, рече Рахимпур.