Emre Gürkan Abay
31 Мај 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша декретот со кој се укинуваат некои економски ограничувања за Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Кремлин се наведува дека Путин го потпишал декретот со кој се укинуваат некои економски ограничувања за Турција.
Со овој декрет се отстранува пречката за турските државјани да бидат вработени во Руската Федерација, а исто така се укинува и забраната турските компании да дејствуваат во одредени сектори.
Во декретот е наведено дека се дадени насоки за консултација, со цел да се обнови договорот постигнат во 2010 година меѓу двете земји, во врска со меѓусебните посети на министерствата за надворешни работи на Русија и на Турција.
Исто така, се наведува дека е проширен опсегот на турските државјани на кои ќе им биде овозможено безвизно патување во Русија, и оти е отстранета пречката за безвизно патување во Русија на турскиот воздухопловен персонал.