свет

Путин: „Повлекувањето на САД од договорот за антибалистички проектили ја принуди Русија да развие хиперсонично оружје“

„Ова оружје ги надминува постоечките видови оружја од аспект на моќ, брзина и најважното, од аспект на острина. Моментално во светот никој не поседува оружје од ваков тип“

Dmitri Chirciu  | 19.09.2020 - Обновена : 21.09.2020
Путин: „Повлекувањето на САД од договорот за антибалистички проектили ја принуди Русија да развие хиперсонично оружје“

МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, истакна дека повлекувањето на Соединетите Американски Држави (САД) од договорот за антибалистички проектили во 2002 година ја принудило Русија да развие хиперсонично оружје, јавува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи за оружјето развиено од страна на Русија, Путин нагласи дека Русија во својата модерна историја за прв пат поседува најмодерно оружје.

„Ова оружје ги надминува постоечките видови оружја од аспект на моќ, брзина и најважното, од аспект на острина. Моментално во светот никој не поседува оружје од ваков тип“, рече Путин.

Рускиот претседател потсети дека Русија го развила и интерконтиненталниот хиперсоничен проектил „Авангард“.

Според него, овој проектил е 27 пати побрз од брзината на звукот и може да ја менува ориентацијата на хоризонтален и вертикален начин.

Путин истакна дека САД во 2002 година се повлекле од договорот за антибалистички проектили.

„Повлекувањето на САД од овој договор ја принуди Русија да развие хиперсонично оружје. Бевме принудени да го развиеме ова оружје против ракетните одбранбени системи на САД“, додаде Путин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.