Elena Teslova
04 Јули 2024•Ажурирај: 05 Јули 2024
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека истанбулските договори од 2022 година остануваат „на маса“ и може да послужат како основа за мировните преговори со Украина, јавува Анадолу.
Говорејќи на Самитот на лидерите на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана, Путин му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за неговите напори за посредување меѓу Русија и Украина.
„За истанбулските договори му благодарам на претседателот на турската република, г. Ердоган, кој учествуваше во оваа работа како посредник. Овие договори не се отфрлени, тие беа одобрени од шефот на украинската преговарачка делегација, што очигледно значи дека биле доволно задоволителни за Украина. Овие договори, истанбулските договори, остануваат на маса и може да послужат како основа за продолжување на овие преговори“, рече рускиот претседател.
„Русија никогаш не одбила и сега е подготвена да ги продолжи мировните преговори“, нагласи Путин.
„Украина беше таа што одби да преговара. Тоа го направи јавно, по директни инструкции од Лондон, што значи дека нема сомнение во тоа, исто така, на барање и на Вашингтон. Украинските власти го кажуваат тоа директно и отворено“, нагласи тој.
Во март 2022 година Москва и Киев одржаа серија преговори во Истанбул, Туркије, со цел да се најде заедничка основа за ставање крај на конфликтот во Украина.