свет

Путин и Токаев разговараа за актуелната ситуација во Казахстан

Една од темите на телефонскиот разговор беше и започнатото повлекување на мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) од Казахстан

Ali Cura  | 13.01.2022 - Обновена : 14.01.2022
Путин и Токаев разговараа за актуелната ситуација во Казахстан

МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, оствари телефонски разговар со казахстанскиот колега Касим Жомарт Токаев, а главната тема на разговорот беше актуелната ситуација во Казахстан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од Кремљ е соопштено дека Токаев го информирал Путин за мерките кои казахстанските власти ги презеле со цел воспоставување ред и стабилизирање на ситуацијата по неодамнешните нереди кои избувнаа за време на масовните протести до кои дојде поради зголемувањето на цените за течниот нафтен гас (ТНГ).

Токаев му се заблагодари на Путин за поддршката на Русија и разговараа за процесот на повлекување на мировните сили кои Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) ги ангажирала во Казахстан.

Русија, Белорусија, Ерменија, Киргистан и Таџикистан на 6 јануари испратија мировни сили во Казахстан, а денеска започна процесот на повлекување на тие сили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın