Emre Gürkan Abay
26 Септември 2023•Ажурирај: 27 Септември 2023
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Ебрахим Реиси разговараа за случувањата во Карабах, пренесува Анадолу.
Кремљ потврди дека Путин и Реиси разговарале телефонски.
На разговорот, на која се разговараше за случувањата во Карабах и процесот на нормализација меѓу Азербејџан и Ерменија, беше истакната важноста од решавање на проблемот со политички и дипломатски средства.
На телефонскиот разговор, страните изразија заеднички интерес за активирање на работата на регионалната консултативна платформа „3+3“ составена од Туркије, Русија, Иран, Азербејџан, Ерменија и Грузија.
Реиси ѝ се заблагодари на Русија за поддршката за пристапувањето на Иран во БРИКС.