Elena Teslova
19 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
МОСКВА (АА) - Централната изборна комисија на Руската Федерација утрово потврди дека Владимир Путин на вчерашните претседателски избори освоил убедлива победа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека се преброени 99,75 отсто од гласачките ливчиња, а Путин освоил 76,67 отсто од гласовите и се изборил за нов шестгодишен мандат за претседател на Русија.
Путин од 1999 година ги извршува функциите претседател или премиер на Русија.
Прв опонент на Путин на изборите беше Павел Грудинин од Комунистичката партија, кој освои 11,79 отсто од гласовите, а трет на изборите, со освоени 5,66 отсто гласови, е либералот Владимир Жириновски.
Ксенија Собчал од Граѓанската иницијатива освои 1,6, а основачот на Руската либерална партија Јаблоко, Григориј Јавлински 1,04 отсто од гласовите. Преостанатите тројца претседателски кандидати освоија помалку од 1 отсто од гласовите на избирачите.
Изборната комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори во Русија гласале 108 милиони лица, што е 67 отсто од вкупниот број регистрирани гласачи.
Путин уште синоќа со говор на Црвениот плоштад ја прогласи изборната победа, кога од преброените 50 отсто од избирачките ливчиња, тој имаше освоено околу 70 отсто од гласовите.
Актуелниот руски претседател им се заблагодари за дадената поддршка на насобраните илјадници лица на Црвениот плоштад.
„Ние сме голем тим, а јас сум дел од тој тим. Нашата земја ја очекува успех. Ќе направиме значајни работи за Русија“, истакна Путин во своето обраќање.