Diyar Güldoğan
07 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин го ратификуваше билатералниот договор за екстрадиција меѓу Русија и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот предвидува екстрадиција на лица осомничени или осудени за кривично дело во друга земја.
Исто така, двете земји се обврзуваат дека ќе обезбедат заемна правна помош во истрагите за спроведување на процесот и во други правни постапки.
Станува збор за билатерален договор што беше потпишан на 1. декември 2014 година, за време на посетата на Путин во Анкара за учеството на Петтата сесија за турско-руската соработка.
Долниот дом на рускиот Парламент го одобри тој договор на 17. февруари оваа година, а Горниот дом на парламентот, Советот на руската Федерација тој договор го одобри на седницата одржана на 1. март.