Ekipa
13 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
ЧИТА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, денес дојде во инспекција на еднонеделната воена вежба во источен Сибир, во која учествуваат околу 300.000 војници и која е најголема во историјата на Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи денес на стрелиштето во регионот Чита, Путин ги пофали трупите поради нивното високо ниво и инсистираше на тоа дека воената вежба не е насочена против која било земја.

Путин нагласи дека Русија е „мирна нација“ која „нема никакви агресивни планови“.
Маневрите опфаќаат огромни простори на Сибир и Далечниот Исток, Арктикот и Тихиот Океан. Покрај Војската, во вежбата се вклучени и околу 1.000 руски авиони. За време на вежбата на руските трупи им се придружија и кинески.