Hakan Çopur
13 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Командата на Северноамериканската воздухопловна одбрана (NORAD) соопшти дека два американски воени авиони „F-22 Raptor“ во близина на Алјаска пресретнале два руски бомбардери „TU-95“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во врска со настанот, NORAD даде писмено соопштение во кое се вели дека настанот се случил во меѓународните води во западниот дел на Алјаска.
Во соопштението се наведува дека руските авиони не влегле во воздушниот простор на САД или Канада, додавајќи дека за време на превентивната акција, руските бомбардери се наоѓале во зоната за идентификација на американската воздушна одбрана, која кај Алјаска достигнува до 200 морски милји на отворено море.
На почетокот на септември и во месец мај, на сличен начин американските авиони ги пресретнаа руските бомбардери на отворено море кај Алјаска.
По настанот во мај, проценка на случајот за американските медиуми дадоа високи функционери од Пентагон. Летовите беа окарактеризирани како „рутински“ и „летови без закана“.
Од друга страна, некои републикански членови на американскиот Конгрес, блиските летови на руските авиони до американската граница ги опишаа како „испраќање порака до американскиот народ“.