Fuat Kabakçı
07 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
ПЕКИНГ (АА) - Психијатар во југозападната кинеска покраина Гуејџоу киднапирал најмалку 64 пациенти, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници од психијатриската болница во градот Гуијанг соопштија дека психијатарот Јанг Шаолеј киднапирал 64 хоспитализирани пациенти од болницата, а во врска со тоа ништо не им кажал на роднините и на штитениците на пациентите.
Веднаш по скандалот, психијатријата во Гуијанг ја напуштиле 11 лекари и медицински работници.
Прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека психијатарот ги киднапирал пациентите ветувајќи им дека ќе им обезбеди подобри услови за лекување, а лекарите и медицинските сестри ја напуштиле психијатријата поради повисоки плати и подобри услови за работа на друго место.
Истрагата за случајот е во тек, а надлежните органи трагаат по киднапираните пациенти и медицинскиот персонал.