Fatma Bülbül
25 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
СТРАЗБУР (AA) - Парламентарното собрание на Советот на Европа во среда го повика Израел и Египет да ја укинат блокадата на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска го прифати извештајот на шведската политичкарка Ева-Лен Јансон во кој е наведено дека ситуацијата во Газа се „влошила значително" по 2014. година.
Во извештајот се наведува дека 80 отсто жители а Газа имаат потреба за хуманитарна помош и се додава дека е потребно да пронајдат трајни решенија за проблемите со снабдување на вода и електрична енергија на тоа подрачје.
Од Парламентарното собрание на Советот на Европа порачаа дека меѓународната заедница и Израел треба да направат поголеми напори за да се обезбеди стабилност на Блискиот исток.
Во извештајот исто така се охрабруваат челниците на Палестина и Изаел за постигнување на дводржавно решение.
Од 2007. година, Појасот Газа се наоѓа под израелско ембарго поради кое два милиони Палестинци останале без основни животни потреби, вклучувајќи храна и лекови.