Şenhan Bolelli
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
МАДРИД (АА) - На протестите против сепаратистичкото движење во Каталонија се придружија и студентите кои ги бојкотираат предавањата на факултетите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Протестите кои траат 16 дена, ги организираше најголемата прошпанска организација „Каталонска граѓанска заедница“. Приближно, половина од 7,5 милиони жители на Каталонија се противат на отцепувањето од Шпанија.
Студентите ги затворија влезовите на универзитетите во Каталонија во Барселона и Жирона. Го спречија влегувањето на универзитетите и на студентите кои не протестираа.
Доаѓаше и до судири меѓу студентите, кои не се согласуваа во мислењата, при што интервенираше полицијата.
На некои универзитети поддршка пружија и некои професори и ректори.
Протестот против отцепувањето на Каталонија доаѓа по повеќедневните собири на сепаратистите.
Околу 350.000 лица протестираа во саботата во Барселона барајќи пуштање на слобода девет осудени сепаратистички лидери кои се во затвор.
Собирот го организираа главните движења кои се занимаваат со процесот на сецесија и кои сакаат да создадат нова држава во богатиот североисточен дел на Шпанија.
На 14 октомври шпанскиот Врховен суд осуди деветмина сепаратистички водачи, претежно поранешни членови на Регионалната влада на Каталонија, на затворски казни до 13 години, поради нелегален референдум и еднострано прогласување независност во 2017 година.