Nour Mahd Ali Abu Aisha,Safiye Karabacak
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
ГАЗА (АА) - Четири лица се повредени со вистински куршуми за време на интервенцијата на израелските војници врз Палестинците кои одржаа демонстрации на границата на Газа со цел протестирање против одлуката на САД за признавање Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските војници со солзавец, како и со гумени и вистински куршуми интервенираа врз младите Палестинци кои се собраа на границата на појасот Газа и протестираа против одлуката на САД за Ерусалим (Кудс).
Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ешреф ел-Кудр истакна дека четири Палестинци биле повредени како резултат на отворениот оган од страна на израелските војници за време на демоснтрациите.