Oktaj Omeragikj
15 Април 2025•Ажурирај: 16 Април 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Демонстранти во знак на поддршка на Палестина се собраа пред седиштето на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во Вашингтон, покажувајќи солидарност со палестинскиот народ, известува Анадолу.
Демонстрантите побараа американските власти да ги ослободат пропалестинскиот студентски активист Махмуд Халил и другите студенти што претседателот Доналд Трамп вети дека ќе ги депортира како дел од неговата поширока репресија врз слободата на говорот.
- Над 500 студентски визи се поништени во рамките на поширока акција за депортации
Си-ен-ен анализираше судски документи, изјави од адвокати и соопштенија од над 80 универзитети низ САД, потврдувајќи дека годинава на повеќе од 525 студенти, универзитетски професори и истражувачи им биле поништени визите.
Меѓу првите широко познати случаи е оној на Махмуд Халил, кој беше уапсен по учеството во пропалестинските протести на Универзитетот Колумбија.
Адвокатите за имиграција, пак, предупредуваат дека се зголемува бројот на случаи во кои студенти добиваат закани за депортација поради мали прекршоци од пред неколку години или дури и без јасно објаснета причина.