Vesna Besiç
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
КАРАКАС (АА) - Во главниот град на Венецуела, Каракас, продолжуваат протестите на граѓаните против владата предводена од претседателот Николас Мадуро, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите изразија незадоволство од планираните уставни реформи. За време на протестот дојде до помали судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Опозицијата ја обвинува владата за економската криза, која во земјата предизвика недостаток на основните потреби, храна и лекови.
Исто така, опозицијата тврди дека Уставниот суд делува во име на Владата и дека земјата се соочува со диктатура. Опозицијата бара предвремени претседателски избори.