Aykut Karadağ
18 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
КАБУЛ (АА)
- Ајкут КАРАДАГ
Откако талибанците ја презедоа контролата врз главниот град на Авганистан, Кабул, оние што сакаат да ја напуштат земјата продолжуваат да чекаат околу Меѓународниот аеродром во Кабул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во регионот се преземаат интензивни безбедносни мерки од војниците кои ја обезбедуваат безбедноста на аеродромот за да не се повторат снимките од хаосот што настана изминатиот ден.
Одвреме-навреме се појавува тензија помеѓу граѓаните на Авганистан, кои сакаат да влезат на аеродромот за да бидат евакуирани, и безбедносните сили.

Безбедносните сили исто така одвреме-навреме испукуваат предупредувачки истрели во воздух за да ја држат толпата под контрола.
Во меѓувреме, некои авганистански граѓани кои чекаа пред аеродромот поради топлото време и заморот се онесвестија.
На жените на кои им се слоши им помогнаа војниците што ја обезбедуваа безбедноста на аеродромот.
Она што се случува пред и околу аеродромот во Кабул снимено е од страна на Агенција Анадолија (АА).
