Ömer Faruk Yıldız
25 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Судскиот процес за терористот Брентон Терент, кој уби 51 и повреди 49 лица во вооружениот напад врз две џамии во Крајстчрч продолжи со изјавите на роднините на убиените лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на второто рочиште од судењето што започна вчера, Рашид Омар таткото на убиениот Тарик Омар, истакна: „Посакувам да најдеш мир во себе, но се сомневам дека ќе имаш мир. Не ти простувам.“
Ибрахим Мухамед Абделхалим, имамот на џамијата во „Линвуд“ каде беше извршен нападот, наведувајќи дека овој напад е расистички и терористички чин рече: „Овој напад имаше длабок одраз низ целиот Нов Зеланд, а не само кај муслиманите“
- „Казната за нападот треба да трае доживотно“ -
Наведувајќи дека во Нов Зеланд со семејството се доселил пред 24 години, имамот Абделхалим рече: „Војувањето и убивањето не е соодветна исламска мисла. Проблемите треба да ги решиме разговарајќи со едни со други.“
Амбрин Наим, сопругата на убиениот Наим Рашид и мајката на Тала Наим, изјави дека нејзиниот сопруг починал додека се обидувал да ги спаси другите верници во џамијата.
„Откако нè напушти мојот сопруг не сум спиела како што треба. Не верувам и дека спијам. Затоа, казната за нападот треба да трае доживотно“, нагласи Амбрин Наим на рочиштето.
Нораини Милне, мајката на убиениот Сајад Милне, истакнувајќи дека терористот Брентон е кукавица рече: „Каква и да е казната што ќе ја добиеш, никогаш нема да биде доволно на овој свет.“
На рочиштето, исто така, присуствуваа и повредениот турскиот државјанин Мустафа Бозташ и турскиот амбасадор во Велингтон, Ахмет Ергин.